Во врска со јавниот протест, организиран од страна на група граѓани поттикнат од новите мерки за превенција против коронавирусот, на кој беа упатени навреди и вулгарни пораки кон новинарите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека ваквиот однос претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Агенцијата ги осудува сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелира да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци.

Воедно, потенцира дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање.