Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Шаленберг ќе биде пречекан од својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, додека во рамки на посетата ќе се сретне и со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

– На средбите се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, како и за европската перспектива на нашата земја. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања – соопшти МНР.