Њуз.бг: Руската и Српската црква не можат да ја спречат независноста на Украинската и Македонската црква

151

Вселенската патријаршија може да објавува автокефалност на црквите кои сакаат да добијат независност, и без согласност на останатите помесни православни цркви.

Оваа одлука ја донел Архиерејскиот собор на Вселенската патријаршија на состанокот одржан во Истанбул од 1 до 3 септември, а практично значи дека Руската и Српската црква нема да можат да ја спречат независноста на Украинската и на Македонската православна црква, пренесува Њуз.бг.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј потсетил дека Руската православана црква без консултации со Вселенската патријаршија со векови си дозволувала самоуправа, наведувајќи ја како пример Киевска митрополија.

– Москва повеќе векови располага со Киевската митрополија без тоа да е дискутирано со Константинопол – истакнал Вартоломеј.

Претходно Руската и Српската црква се изјаснија против независноста на Украинската и на Македонската црква, инсистирајќи на тоа дека за да добијат тие автокефалност, потребно е со тоа да се согласат сите останати православни цркви. Со тоа, Москва и Белград се надеваат дека ќе го блокираат патот на Македонија и Украина кон независност на црквите.

Московскиот патријарх Кирил пред неклку дена беше во Истанбул на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, во обид да го спречи давањето авфокефалност на Украинската и на Македонската црква. Се очекува до крајот на месецов, Вселенската патријаршија да издаде томос за независност на Украинската црква.

Сė уште не е познато во која фаза е постапката во однос на Македонската православна црква, пишува Нуз.бг., повикувајчи се на извори во Вселенската патријаршија.