Ѓорге Иванов ја доби тужбата против Антикорупциска пред Управен суд

936

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов ја доби тужбата против Комисијата за спречување на корупција, пред Управен суд.

Антикорупциска ја донела одлуката без да му овозможи на Иванов да изложи своја одбрана, според Управниот суд.

ДКСК отвори прекрошна постапка против Иванов за унапредувањето на генерали. Според Управниот суд, противуставно е да се укине веќе стекнат офицерски или генералски чин.

ДКСК сега треба да ја повтори постапката за Иванов.