Шекеринска ќе се обрати на Конференцијата за европска безбедност во Минхен

41

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Минхен, СР Германија ќе учествува и ќе се обрати на Конференцијата за европска безбедност, организирана од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“. Тема на обраќањето ќе биде успешниот процес на рехабилитација на Северна Македонија и односите и влијанијата со Југоисточна Европа и пошироко.

На маргините на безбедносната конференција, министерката ќе се сретне со германскиот заменик – директор на Европскиот центар за безбедносни студии, бригаден генерал Јохан Бергер.

Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ е реномиран меѓународен одбранбено – безбедносен институт кој го промовира дијалогот и разбирањето меѓу нациите и државите од Северна Америка, Европа и Евроазија. Институтот е поддржан од владите на Соединетите Американски Држави и на Германија.