Царовска: Граѓанските организации да пријавуваат кршење на работнички права

76

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, одржа редовен координативен состанок, на којшто присуствуваше дополнителната министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, претставници од граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, претседателот на ССМ Дарко Димовски, како и претседателката на Инспекцискиот совет и директорите на неколку инспекторати.

Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и поддршка на работодавачите. Исто така ги повика граѓанските организации да ги пријавуваат сознанијата за кршење на работничките права, а инспекторатите да постапуваат по преставките кои стигнуваат до нив од работниците и граѓаните.

На интернет состанокот, се дискутирало и за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа.