Хуман гест: Деца од социјално загрозени семејства бесплатно ќе учат германски јазик во јазичната академија „Стар хаус Кате“

347

Осуммина ученици на возраст од 13 до 18 години, деца на родители без примања и потешки социјални случаи, цела година бесплатно ќе учат германски јазик во јазичната академија „Стар хаус“ која функционира од март годинава. Професорката по германски јазик Кате Димитриевска, која е и сопственичка и управителка на академијата, вели дека паралелката веќе функционира.

– Наставатa е веќе во тек, децата доаѓаат два пати неделно, имаме активности, a пишуваат домашни работи. Задоволни се од часовите, покажуваат голем интерес за германскиот јазик. Секој кој е заинтересиран, може да се запише во академијата – вели Димитриевска.

Таа е дипломиран преведувач и толкувач по германски и англиски јазик и е магистар по германски јазик.

„Стар хаус Кате“ се наоѓа во Центар спроти Железничката станица. За сите информации поврзани со јазичните курсеви, можете да се обратите на телефонскиот број 078 35 11 44.