Хант: Ова е историски момент за Македонија

295

Британскиот министер за надоврешни работи Џереми Хант го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент и го оцени како историски резултат.

-Денес Парламентот на Македонија гласаше за поддршка на уставните измени со цел спроведување на Договорот од Преспа. Се надеваме дека Договорот ќе биде ратификуван од грчкиот парламент. Со ова се става крај на долгодишниот спор меѓу двете земји и и се отвора патот на Македонија да напредува кон членството во ЕУ и НАТО, посочи Хант.

Обединетото Кралство, додаде, силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа.

-Ова е историски момент за Македонија. Ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница. Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината, порача Хант.