Формирана Меѓуресорска група за спроведување на Законот за употреба на јазиците

127

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

Како што информира владината прес-служба, дел од обврските кои ќе ги има ова тело опфаќаат подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план, давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.

Согласно владината одлука членови на Меѓуресорската работна група се генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, државниот секретар во Министерството за правда, државниот секретар во Министерството за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, секретарот на Секретаријатот за законодавство, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и претставник од Собранието на Република Македонија.