Филипче: Целосно реновирана Клиниката за пластична хирургија

38

Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана, објави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека комплетно се обновени хируршкиот инструментариум, апаратурата за електро хирургија, неуростимулација и друга специфична апаратура.

– Третманот на пациентите и квалитетот на услугата е подигнат на високо ниво согласно највисоката медицинска пракса. Со ова, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација – нагласи Филипче кој додаде дека Владата предводена од СДСМ за многу краток период направила вистински пресврт во јавното здравство при што подобрeни се условите во 32 јавно-здравствени установи.