Филипче најави нови поликлиники во повеќе скопски општини

813
За расипан семафор граѓаните можат да пријават на телефонот 3 162 317

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека населбите Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче ќе добијат нови поликлиники, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

– Увидовме дека системот на поставување модуларни амбуланти е добар и прилично евтин. Во таа смисла се направи план, нешто за што сега имаме буџет, а тоа е да се заменат повеќе постојни амбуланти во Скопје – изјави Филипче.

Дел од жителите на Бутел денеска излегоа на протест и ја блокираа главната крстосница во општината, барајќи изградба на нова поликлиника. Филипче истакна дека е запознаен со проблемот на жителите на Бутел, како на оние во другите скопски општини.