Филипче: Има сериозни шанси изградбата на новиот клинички центар да почне до крајот на годинава

84

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека очекува во предвидените рокови да завршат сите постапки и оти има сериозни шанси темелите на новиот клинички центар да бидат поставени до крајот на годинава.

– Во овој момент се ревидира физибилити студијата за гринфилд локација. Веќе се собрани податоците на директорите на клиниките за тоа како и што претпоставуваат и сакаат да имплементираат во нивните одделенија, а во смисла на нови оперативни сали, број на кревети, согласно бројот на пациенти кои се третираат овие изминати години. Ревизијата на физибилити студијата и сите други подготвителни работи околу земјиштето очекуваме да бидат готови во мај и потоа ќе бидеме подготвени и официјално да ја почеме постапката, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата.

Посочи дека трае ревизијата и актуелната работа во врска со земјиштето во општината Ѓорче Петров и овој период го користат за да се подготват за сите активности.