Филипче: Здравјето е секогаш дел од честитките

143

Министерот за здравство, Венко Филипче, го честита најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи многу, здравје, радост, успех и слога.

– Оваа година прославуваме различно, без големи собири и дружења. Но, празникот е време да се потсетиме кои работи се важни во животот и да се потсетиме на вистинските вредности. Една од најважните работи кои секогаш е дел од сите честитки, е доброто здравје. Иако редовно го посакуваме, често забораваме да го заштитиме или да се грижиме за него. Нека овој празник нѐ потсети колку е важно да се грижиме за нашето здравје, но и за здравјето на сите околу нас. Колку е важно да сме одговорни за себе, но и за другите. Колку е важно колективното наспроти индивидуалното – напиша министерот во честитката.

Тој им заблагодари на граѓаните за почитувањето на мерките и придонесот во заштитата на јавното здравје.

– Ви посакувам добро здравје и мир. Од вас барам само разбирање за сите ограничувања кои ги наметнавме, тие беа исклучиво во заштита на здравјето на сите. Нека ни е честит празникот – порача министерот.