Филипче врачи признанија на три општински организации на Црвениот крст

36

Плакети за исполнет план за крводарување во 2018 година денеска во Народниот театар „Јордан Х.К.Џинот“ во Велес им беа врачени на Општинската организација на Црвениот крст Велес, на Општинската организација на Црвениот крст Виница и на Општинската организација на Црвениот крст Центар од Скопје.

Признанијата им ги врачи министерот за здравство Венко Филипче, по повод 17 Март, Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството.

Во своето обраќање до присутните на свеченоста министерот Венко Филипче рече дека во рамките на Министертвото функционира Програмата за крводарителство и искажа гордост што значајно е зголемен буџетот за оваа програма од 15 милиони денари на 25 милиони денари.

– Сите програмски активности во рамките на оваа програма ги извршуваме заедно со Црвениот крст и ја користиме нивната експертиза и искуства за организирање на крводаритлските акции. Се печатат брошури и подигнува свеста меѓу населението за крводарителството. Воедно со нив работиме и за зачувување на јавното здравје на населението, посебно во услови на високи или ниски атмосферски температури. Имаме значајно искуство во пружање на Итната помош. Имаме одлично организирана акција која според карактеристиките беше препознаена од Светската здраствена организација, а се спроведе со Здравствен дом од Куманово- информира Филипче.

Потенцира дека преку нивната програма се реализираат и бројните акции за крводарување.

–Со Црвениот крст имаме значајни активнисти за унапредување на јавното здравје во услови на високи и ниски атмосферски температури. Драго ми е што доделуваме благодарници на хумани луѓе и организации, бидејќи тоа е чин со кој се спасуваат многу животи и семејства и искрено се надевам дека и оваа наша соработка со нив ќе продолжи да се унапредува- истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека наредната недела ќе имаат состанок со Црвениот крст на Македонија со кој планираат продолжување на соработката и во други сфери, пред се во пружање на Итна помош, формирање сервиси за парамедикс во рамки на израелската програма за што ќе почнат тренинг веќе следната недела. Појасни дека според програмата, ќе бидат тренирани наши доктори и медицински сестри и останатиот перосонал кој може да се вклучи во пружањето Итна помош.

Претседателот на Црвениот крст на Македонија, Ромел Велев истакна дека на ниво на земјава се собрани 57.000 крвни единици, а колку и што се потребите во земјава, иако имаат можност да соберат и повеќе.

– За годинава го надминаме просекот од 103 отсто или 57.000 единици крв, хуманите луѓе се многубројни, а тоа можевме да го видиме и по несреќата кај село Ласкарци-додаде Велев.