Филипче: Без непотребни трошоци и со електронски систем за контрола на реагенсите

85

Во сите јавни здравствени установи има доволно реагенси, а сите директори на ЈЗУ беа задолжени да ги обезбедат со цел непречено да функционираат лабораториите во рамките на институциите, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на едукативната обука за ИМП и менаџирање ресурси за унапредување на здравствениот систем.

– Малку не забавуваат овие избори и тоа што не можеме сега да спроведеме одредени постапки, но целта е повторно да одиме кон централизација. Нашата анализа покажа дека непотребно се трошат огромни количини реагенси во огромен број лаборатории. Значително ќе се намалат трошоците, ќе го рационализираме системот, непотребните трошоци ќе ги нема и ќе воведеме електронски систем за контрола на реагенсите кои се трошат, рече Филипче, во врска со тендерот за набавка на реагенси.

На прашање дали по изборите ќе биде распишан тендерот рече дека прават подготовки и одат во таа насока.