Филипче: Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба

2232

Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба со многу хронични болести, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Запрашан дали е направен посмртен тест за ковид-19 со оглед на тоа што Бајрам неодамна имаше свадбена веселба во Турција, министерот рече дека се’ уште нема такви информации.

– Таа информација штотуку стигна. Имав претходни сознанија дека тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации – изјави Филипче во посета на болницата во Струмица.

Поранешниот пратеник и претседател на Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, почина на приватна клиника во Скопје поради кардиоваскуларни проблеми. Посмртно се очекува да му биде земен брис за ковид-19.