Учениците се враќаат на настава, МОН ги продолжува реформите

155
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Основците и средношколците денеска се враќаат на настава по тринеделниот зимски распуст, за да го продолжат второто полугодие од учебната 2020-2021 година, пред ИТ-уредите или во училишните клупи.

Министерството за образование и наука смета дека комбинираниот модел на настава бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година.

МОН оценува дека првото полугодие било успешн, откако наставата течела според планот, оценувањето било навремено завршено, додека над 90 отсто ученици во онлајн наставата и помалку од еден процент наставници и ученици во наставата со физичко присуство биле активни на ковид-19.

Првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159, согласно со измените на Календарот за организација на работата на основните и средните училишта.

Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, претходно најави дека мнозинството матуранти од денеска ќе ја бојкотираат наставата.

Вчера заврши периодот на доставување на коментарите за предложената нацрт-концепција за основно образование по електронска пошта, како што соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со директорите на училиштата на којашто беше дадена целосна поддршка на спроведувањето на реформите.