Утрово исчезна дете од Драчево – неговата мајка со апел за помош

2129

Утрово исчезна малиот Михаил Илијевски од населбата Драчево кој тргнал на училиште, но не стигнал до својата училница. Тој е ученик во трето одделение во основното училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево.

Неговата мајка веднаш ја споделила веста на социјалните мрежи барајќо помош од граѓаните:

-Ве замолувам да го пронајдеме заедно мојот Михаил, последен пат е излезен од дома сабајле и не е отиден во ичилиште, случајот е пријавен во полиција – напишала мајката на малиот Михаил.

Михаил бил облечен во сива маичка, сини шорцеви и „најк“ патики со бело знакче.

Доколку некој го види ова детенце веднаш да пријави во полиција.