Утре променливо облачно време

66

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, информира УХМР. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер претежно од северозападен правец, особено ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 21 степен.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно-облачно со пороен дожд и појава на грмежи.