Утре променливо облачно време со температура до 24 степени

49

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.