Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

80

Времето утре ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарието засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје утре променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 24 степени.

В петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.