Уставен суд реши судиите, обвинителите и функционерите да земаат цела плата

311

Функционерите нема да земат минимална плата, а вработените под државна капа ќе можат да имаат додатоци и надоместоци на платата. Уставниот суд од денеска почнува да оценува три уредби на Владата, а со тоа им ја замрзнува функцијата на законските сили, додека не донесат конечна одлука.

Во оценувањето на уставноста е Законот за платите на функционерите, кое се однесува на претседателот на државата, собранискиот спикер, пратениците, премиерот, фунцкионерите кои се именувани од Собранието и Владата, градоначалниците, понатаму јавните обвинители и судиите им овозможува да ја земат целата плата, наместо минималната од 14.500 денари како што наложи Владата. 

Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од Здружението на судиите. 

Уставните судии ќе ги оценуваат и уредбите за вработените во СЈО и додатоците на плати за вработените во јавниот сектор. До нивната одлука, нема да се исплатат платите за оние кои останаа во згаснатото СЈО.

Ова е првпат Уставниот суд да решава по иницијативи за уредби на Владата, односно кога законите доаѓаат од извршната власт.