Усвоен нов, поефикасен и поевтин систем за заштита од град

206

Владата денеска го донесе новиот текст на уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која е додадена нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви “.

Со овој вид на заштита, велат од Владата, од природни климатски непогода како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколку кратно поекономичен систем од старите ракетни системи.

-Проценетата вредност за набавка на услугите е 90 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од една милијарда и 200 милиони денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво- велат од Владата.