УНЕСКО бара мораториум за градење на брегот на Охридското Езеро

83

УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави природното и културното наследство на Охридскиот регион на листата на загрозено светско наследство, како резултат на недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опасност.

Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

– Да се процени влијанието на нелегалните градби во заштитеното подрачје, а да се срушат сите оние што претставуваат опасност – заклучува УНЕСКО во последниот извештај.

Извештајот на УНЕСКО треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско наследство, што ќе се одржи во Баку, Азербејџан, од 30 јуни до 10 јули.