Унгарија испрати граничари во Македонија и Србија

168

Унгарија испрати 30 полицајци во Македонија и 15 во Србија, со задача да патролираат заедно со македонските и српските погранични служби и да спречуваат илегален премин на границите.

Унгарските полицајци се опремени со теренски возила и средства за термално и ноќно набљудување на теренот.

Унгарија испраќа персонал и помош за обезбедување на балканските граници уште од големата мигрантска криза во 2015 и 2016 година.