Увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците завршува на полноќ

52

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата https://dijaspora.sec.mk/ досега се доставени 2.437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 2.392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, во Лондон – 127, во Торонто – 136, Виена – 108, Канбера 99 итн.

Најмалку пријави за гласање се поднесени во Талин, Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Сараево – по две пријави.

Пријавувањето трае до вечер на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Од ДИК информираат и дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица – 509, Битола – 454, Карпош – 431.

Во периодот од почнувањето на јавниот увид донесени се и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во избирачкиот список.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со денеска, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци