Триесет организации почнаа кампања за бојкот на референдумот

107
Фото: Дарко Андоновски

Триесет организации вчера потпишаа меморандум за стратегиска соработка за бојкот на референдумот. Тие формираа т.н. кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија.

Во кампањата што ќе пропагира бојкот на референдумот се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.
Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.