Трамп до Иванов: Договорот од Преспа го отвора патот до НАТО и ЕУ

233

Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ, му пишува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на независноста-8 Септември.

-Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особно во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам се најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден – напиша Трамп во честитката, објавена денеска од Американската амбасада во Скопје.