Топло време со УВ индекс 9

63

За денешниот 27 јуни според метеоролозите не очекува сонце со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 25 до 36 степен целзиусов. Најтопло се очекува да биде на југоистокот од земјата, со максимални 36 степени во Гевгелија.

Во главниот град се очекува сончево време со мала до умерена облачност и максимални дневни 34 степени. Според УХМР во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а во петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. 

Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.