Топло време со температура до 30 степени

126

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер.

Утрото ќе биде свежо, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за слаба магла, преку денот сончево и топло со температура до 28 степени, информира УХМР.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Утринските температури постепено ќе опаѓаат, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.