Температурите денеска до 36 степени

44

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура, според УХМР ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 35 степени.

За утре преку денот се најавува изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. В недела, пак, УХМР најавува локален пороен дожд и ретки грмежи.