„Телеком“ презема безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

67

Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај.

– За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш превзеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации – велат од операторот.

Оттука апелираат корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.