Тасева: Анѓушев ми се закани по објавите за стечајот за „Фени“

1969

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на приемот кај британскиот амбасадор, и се заканил на Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнал – Македонија“, за објавите во кои го обвинува за мешање во стечајот за „Фени“.

– Анѓушев се закани: ќе одам до крај, ќе те тужам, знаеш ли кој сум јас, јас сум најмладиот доктор на науки! Сето тоа со агресија, ароганција, и со неговиот бодигард до него, на приемот на Британскиот амбасадор – напиша Тасева на својот фејсбук профил.

Таа понатаму додава дека такви закани досега не доживеала.

– Јас такво закана и агресивност не сум доживеала ниту во Авганистан каде некои од луѓето во власта се воени лордови. Тие што синока стоеја до мене останаа шокирани! Ова ли е владата за која одевме по улиците – прашува Тасева.

Според неа, очигледно случајот Фени и мониторингот над стечајот што е во тек, вознемири многумина, а најмногу Анѓушев.

– Постојано бара да гледаме што било пред тоа, односно кој крадел порано, а не што се прави сега. Господа, криминалот и работењето пред стечајот нека го истражат и докажат институциите. Ние правиме мониторинг на тоа како се води стечајот денеска. А таму има проблем, стечајот НЕ се води добро. И затоа има паника – вели Тасева на фејсбук.