ОЈО Скопје изврши увид во Рашче, каде беше убиено едно лице

327

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице.

Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Издадени се наредби за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.