Студено и облачно, со силен ветер

82

Времето денеска променливо облачно и студено, во во текот на денот обланоста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен а наместа повремено силен северен ветер со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне обланоста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 2 степенa.


Забрана за камиони на неколку патни правци поради снег

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража.

Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена од 4.50 часот утрово на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Маврово и обратно поради врнежи од снег.