Столе Попов: За македонскиот јазик не смее да се разговара

1350

Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ го награди режисерот Столе Попов со „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Попов во своето обраќање по примањето на наградата рече дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камо ли на прифаќање. Тој исто така испрати и порака до политичарите  – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема, рече Попов

Режисерот додаде дека му е драго што наградата од Друштвото на филмските уметници на Македонија го задржала генеричкото и порача дека за македонскиот јазик воопшто не смее да се разговара.

Столе Попов ги режираше македонските филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и „До балчак“ .