Старогрчкото писмо неприменливо за Македонците

1160
Коине писмо - третиот текст на каменот од Розета (дел)

Она што го знам е дека ова не се научници, туку трговски инсталации во научните институции, кои во спрега со инсталациите во политиката имаат задача да нѐ остават во мрак и темнина, а брилијантната македонска цивилизација да ја пикнат во ,,грчката вреќа“. Реагирање на објавени текстови од д-р Блаже Ристовски и д-р Наде Проевска

Погледи низ историјата
Полемика за античкото потекло и за словенството на Македонците и нивниот јазик

Дардан Венетски

Ме радува фактот што во овие пресвртносудбински моменти за македонскиот опстанок на страниците на „Нова Македонија“ се интензивираат написите во кои тема се македонизмот, македонското име низ вековите, писмото… Како автори се јавуваат еминентни научници-професори, лингвисти, академици… Но ме загрижува тоа што многумина од нив го користат ставањето на мекедонизмот на маса за под маса да го протнат хеленизмот.
Последен во низата е д-р Блаже Ристовски, наш познат академик извонреден познавач на поновата историја, чиј фељтон деновиве се пласираше на страниците на „Нова Македонија“, во кој тврди дека до 4 век од новата ера на овие простори во употреба се главно „старогрчкиот“ и „латинскиот“ јазик и писмо. Кога нашите учени зборуваат и пишуваат за „старогрчкиот“ јазик и писмо очигледно мислат на коине – општиот јазик (првиот есперанто), воведен како стандард уште во времето на Александар Трети Македонски.

Кадмо Енгелански, легендарниот основач на Лихнид

Не можам да поверувам дека никој од овие силни професори и академици не го прочитал римскиот историчар Квинт Куртиј Руф, кој е дециден: „Тоа е јазик што морале да го учат како еден туѓ јазик и победниците и победените“. Тоа значи дека морале да го учат и Македонците и сите други народи во империјата, вклучувајќи ги и ,,Грците“. Дециден доказ има во неговата книга ,,Историја на Александар III Македонски“ стр. 272-276, во превод на Љубинка Басотова. Зарем е можно сите од ред да ги препишуваат политичко-историските памфлети на германско-нордиската школа на чело со Ј.Г. Дројзен.

Коине-јазикот и Каменот од Розета

За волја на вистината мора да се каже дека Македонците биле високоцивилизиран и писмен народ од најдревни времиња со свое автохтоно писмо. Коине-јазикот и писмо никако не можеле да бидат ,,грчки“ од повеќе причини: пред сѐ Македонците никако не можеле во древноста (до 4 в.) да користат ,,грчки“ јазик и писмо од едноставни причини што тогаш не постоела ниту грчка држава ниту Грци. Ниту еден антички автор не споменува такво нешто. Првата грчка држава е од 1830 година настаната со лондонскиот протокол. Тоа би било во спротивност со концептот на државното уредување во универзалната држава на Александар Трети Македонски, во која сите народи, јазици и религии беа рамноправни.

Стригилисот од Охридскиот музеј

Коине-јазикот и писмо беше оној обединувачки фактор што требаше да обезбеди никој од народите во империјата да не се почувствува ниту потчинет ниту надреден. Воведувањето на ,,грчкиот“ јазик би значело нарушување на тој концепт. Овој висок стандард го прифатија наследниците на Александар – Птоломеите во Египет и Селевкидите од Сирија, а го прифатија Рим и Византија, па така коине ќе стане ,,лингва франка“ наредните 1.000 години и повеќе. Најголем доказ се стотиците декрети од Птоломеите во Египет, сите на три јазика и три писма. Најпознат е Каменот од Розета, за кого славниот Шамполион (што го дешифрираше) во едно писмо до пријателите објавено од педантните Германци, децидно тврди дека првиот текст е египетски, вториот е старомакедонски, а третиот новомакедонски-коине. Јас би додал првиот општ јазик или првиот есперанто.

Грчкото и македонското писмо

И да сакале Македонците не можеле да го користат ,,грчкото“ писмо. Причината е многу едноставна. Богатиот македонски јазик имал 31 глас и 31 буква, а со двогалсите таа бројка е 38. Таква е старомакедонската азбука, а такви се и глаголицата и кирилицата. За разлика од македонскиот јазик и писмо, грчкиот е многу сиромашен, со само 18 гласа и букви. Тука мора да се објасни дека грчката азбука официјално има 24 букви, но во нив има нелогични двојства.

Кога ќе се елиминираат овие двојства остануваат само 18 гласа и букви. Се поставува прашањето зошто на Грците им била потребна ваква ,,фискултура“ во азбуката. И тука одговорот е многу едноставен. Затоа што во древноста и во средниот век буквите во исто време биле и бројки. За да можат да ги означат сите бројки од 1 до 1.000 на Грците им биле потребни најмалку 27 букви. Со оглед на тоа дека сиромашната ,,грчка“ азбука имала само 18 букви, затоа пристапиле кон оваа ,,фискултура“ во азбуката со наведените двојства и тројства. Но и тоа не им било доволно па додале уште три безгласни знаци, кои имале само бројна вредност.

Тоа се Ϛ (стигма), Ϙ (копа) и ϡ (сампхи), со многубројни вредности 6,90 и 900. За нас Македонците оваа сиромашна ,,грчка“ азбука била неприменлива затоа што имала двојно помалку букви од гласовите во нашиот јазик. Затоа и да сме сакале не сме можеле да ја користиме.
Општо е познато во светската историја дека во древноста ,,Грците“ го користеле феникиското писмо, потврдено кај голем број антички автори, а го признаваат и денешните Грци. За читателите ја приложувам феникиската азбука (фото).

Но, на многубројните артефакти по овој македонски полуостров и пошироко има многу малку или воопшто нема записи на феникиско писмо, туку доминира коине – првиот есперанто, за кое славниот Шамполион вели дека е новомакедонско писмо, а новокомпонираните историчари го прогласија за ,,грчко“. Тоа го покажува и третиот текст на Каменот од Розета на коине јазик и писмо (фото). Не треба да е човек експерт-лингвист за уште на прв поглед да забележи дека ова писмо е сосема различно од феникиското, кое го користеле ,,Грците“. Ова е најголемиот доказ дека коине-јазикот и писмо не се ,,грчки“. Денес Грците го користат ова писмо, но тоа го чинат од првата половина на 20 век усвојувајќи го како ,,реформирано коине новогрчко“.

Античкиот Кадмо Охридски

Античките автори не само што се децидни, кажуваат дека Хелените го користеле феникиското писмо, туку истото тоа го нарекувале уште и кадмејско според Кадмо основачот на Теба под Плакенска Планина, а според Кристодор од Копт основач и на Лихнид (денешен Охрид). Друга таква планина во Европа и светот нема. Проверете на Гугл мапс. Оттука, од оваа Теба Хелените го презеле писмото. Младите сопственици на кафулето „Кадмо“ во Охрид со помош на еден млад археолог од овој бисерен град на Интернет пронашле монета со ликот на Кадмо како го предава писмото. Изработена копија од оваа монета поставена е на влезот од ова кафуле. Некој сака оваа Теба да ја фрли во заборав, но залудно затоа што ја овековечил никој друг туку лично Хомер (Омир) во својата ,,Илијада“. Омир спомнува два града со исто име – Теба. Онаа во Атика ја нарекува долна Теба (2-505), и Теба под Плакенска Планина (4-380-425 и 6-385-430), чиј основач е токму Кадмо.

Покрај коине-јазик и писмо, кои се користеле во администрацијата низ целата империја, Македонците имале и свое автохтоно писмо, посведочено на повеќе артефакти. Најпознат е Каменот од Розета – вториот текст, за кој славниот Шамполион во погоре цитираното писмо вели дека е старомакедонско. Ова писмо е слоговно, па истото тоа може да го разбере само оној што го знае македонскиот јазик. Затоа Шамполион го дешифрирал првиот текст (египетскиот), но не и вториот (македонскиот). Него го користеле само Македонците и никој друг. Постојат огромен број артефакти со ова писмо.

Во оваа можност како најкарактеристичен го приложувам стригилисот од Охридскиот музеј за кој Ф. Папазоглу во „Охрид и Охридско низ историјата“ – издадена1985 година вели дека е еден од најстарите во Македонија. Понатаму таа вели дека не може да се прочита, но тоа не ѝ пречи да го прогласи за ,,грчко“. Моето прашање е многу едноставно. Ако ова е ,,грчко“ писмо зошто никој не може да го преведе? Ф. Папазоглу не е меѓу живите, но тука е нејзината наследничка, историчарката Наде Проевска, која продолжи да го шири хеленизмот во Македонија. Еве предизвик за неа и за сите оние што знаат „старогрчки“ нека повелат да го преведат.

Од друга страна, ако внимателно се погледнат овие два артефакти (Каменот од Розета и стригилисот), неминовен е заклучокот дека личат на „черти“ и рецки за кои пишува Черноризец Храбар. Тој во својот средновековен трактат ,,Описменах“ пишува: „Порано Словените немаа книги (писмо) па читаа и гатаа со черти и рецки“. Овој запис хеленофилите во нашата и светската наука го користат како најголем доказ дека до Кирил и Методиј дека Словените немале писмо. Заслепени од хеленофилството нашиве учени не ја забележуваат контрадикторноста на Черноризец Храбар, според кого Словените ем немале писмо ем читале и гатале со черти и рецки. Но ние тие черти и рецки (како писмо) ги гледаме на стригилисот и на Каменот од Розета.

Кодовите на Бошевски и на Тентов

Затоа не зачудува резултатот од дешифрирањето на вториот текст од Каменот од Розета што го дешифрираа академик Т. Бошевски и проф. др. А. Тентов. На тоа едно парче камен овие научници открија повеќе од 400 збора идентични со денешниве. Ајде сега некој нека ми каже дека ние сме Словени дојдени во 7 век од зад карпатските мочуришта. Овие резултати од дешифрирањето беа објавени од МАНУ – Одделение за математичко-технички науки XXXI-1-2 во 2010 година.

Уште еден од родоначалниците на европската писменост потекнува од охридскиот крај во подножјето на Плакенска Планина. Тоа е Хермес. Неговиот град е Хермелиа (Хемелион). Се наоѓа на 5 км од Охрид (кај „Св. Еразмо“) и е единствен град во Европа со тоа име. За нас е исклучително значаен по три работи: според Плутарх – запишано во живописот за ,,Изида и Озирис“ глава 3, токму Хермес е изумител на буквите и музиката. Според древниот арапски летописец Ал Масуди Хермес е татко на Словените, односно Словените се негови деца. И особено значајно, Хермес е творецот на тајните учења и знаења познати како херметички списи или херметизам.

Тој ги запишал и кодирал. Како такви тие се чувале со милениуми во Охрид, сѐ додека западните мисионери (во многубројните мисии во Охрид) не ги зеле (купиле или украле). Првпат доктрината на херметизмот станала достапна откако Марсело Фичикио најучениот човек на Фиренца во 1471 година направил избор на херметичките списи познати како ,,Корпус херметикум“. За нас е особено интересен фактот дека токму Македонија е посочена како татковина на овие тајни учења. Еве што пишува за тоа Ф. Бонардел во книгата ,,Херметизам“ – 1985 година на стр. 14: ,,Манускриптот бил пренесен од Македонија во Фиренца од некаков монах и му бил предаден на Козимо ди Медичи (дуждот на Фиренца), кој посакал да го прочита Хермес Трисмегист пред да умре и затоа го замолил Фичино да му го преведе“.

И во книгата ,,Талисмен“ од Грахам Ханкок и Роберт Бовал од 2004 година (стр. 167), повторно се посочува Македонија како место каде што се пронајдени херметичките списи. Еве што пишуваат овие автори: ,,Летото 1460 година…. еден тоскански монах по име Леонардо ди Пистоја влегол со своето магаре во Фиренца. Тој бил пратен во повеќемесечна мисија во Македонија од просветниот и неизмерно богатиот дужд на Фиренца Козимо ди Медичи, кој го задолжил таму да бара древни ретки трудови… Козимо бил убеден дека тие книги сѐ уште можат да се најдат некаде и токму затоа му наредил на Леонардо да ги открие и да ги купи независно од нивната цена… И ете најпосле, откако неколкупати се враќал со не многу значајни пронајдоци, Леонардо сјаел од радост. На вистина успеал да ги открие книгите барани од неговиот господар. Во нив се содржеле знаења припишувани на Хермес Трисмегист“.
Делото на М. Фичино ќе доживее 32 реизданија. Италијанскиот превод 1548 година, францускиот 1549 година, германскиот 1643, англискиот 1650, а потоа на сите познати јазици. Херметичките списи, како што запишал Френсис Јетс, ќе станат катализатор на ренесансата на западната цивилизација. За овие тајни учења знаеле и Македонците од времето на Александар Трети Македонски. Еве што вели за тоа Плутарх во делото ,,Александар Македонски“ гл. 7: ,,Александар не учел само етика и политика, туку навлегувал и во тајните на подлабоките науки, што филозофите ги нарекувале акроматички и епоптички, па со нив не ја запознавале пошироката публика (односно другите народи)“.

Брилијантна македонска цивилизација

Да заклучам. Древните народи не известуваат за брилијантната македонска цивилизација, која располага со тајни учења и знаења, кои не биле достапни за другите народи. Украдени од Македонија станале катализатор на ренесансата и развој на западната цивилизација. А што вели науката? Нашиве учени се натпреваруваат кој повпечатливо да нѐ прикаже како диви, нецивилизирани и неписмени, а од друга страна да шират хеленизам. Дали е ова поради тоа што соросоидните фондации и промоторите на Дројзен, „Ќуп Златов“ и „Чанта Подмасова“ не финансираат македонизам туку хеленизам? Не знам, но со тоа треба да се позанимава некој друг.

Она што го знам е дека ова не се научници, туку трговски инсталации во научните институции, кои во спрега со инсталациите во политиката имаат задача да нѐ остават во мрак и темнина, а брилијантната македонска цивилизација да ја пикнат во ,,грчката вреќа“ на Херберт Лоренс. Затоа дојдовме до ова дереџе, кој ќе стигне да ги поткусурува македонското име, идентитет, јазик, писмо, култура… и однадвор и однатре. Затоа и по 74 години од возобновување на древната македонска држава и 27 години по осамостојувањето од СФРЈ нашава наука и политика сѐ уште не знаат кои сме, што сме и од каде сме, дали сме антички или Словени. Но затоа знае народот. Тој секогаш е поумен од своите политичари и историчари.