Спасовски: Од празникот со кој го славиме спасението ќе излеземе посилни и подобри

97

Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри, вели премиерот, Оливер Спасовски, по честитката што ја упати по повод празникот Велигден.

Спасовски порача дека денешниот ден е празник на надежта, и посака во овие моменти на искушенија, божјиот благослов преку празникот да ни даде добро здравје и духовна сила.