Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

204

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од Ковид-19.

Oдлуката е донесена имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите, информираат од Владата.

Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки Ковид-19 за Ски Центри во земјата, за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.