Со поддршка од Германија ќе се реконструираат студентските домови

528

Владата на Република Македонија денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за можноста за обезбедување техничка помош од Владата на СР Германија за проценка и утврдување на потребите за реконструкција на студентските домови во Македонија.

Владата, како што соопшти владината прес-служба, го задолжи Министерството за образование и наука веднаш да пристапи кон подготовка на ранг листа на студентски домови во Република Македонија по приоритет за инвестирање.