Сојузот на средношколци го прогласи бојкотот за успешен

109
Фото: Архива

Сојузот на средношколци преку соопштение наведе дека го смета бојкотот на наставата од страна на матурантите за успешен. Во соопштението се тврди дека 78 отсто од матурантите ја бојкотирало наставата минатиот четврток, а 71 отсто в петок.

Сојузот на средношколци ги истакнува притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците како причина за ваквиот надолен тренд.

– Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна – се наведува во соопштението во кое се демантира дека Сојузот и МОН постинале договор.

Сојузот на средношколци потсетува и дека бојкотот на наставата продолжува в понеделник, наведувајќи дека нивните барања се разумни и поддржани од меѓурнародните примери.