Сончево со утринска магла, од утре променливо облачно

34

Времето денеска ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје сончево со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Денес и утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Утре облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста, утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните ќе опаднат за 3 до 5 степени.