Сончево со умерена облачност, по котлините магливо

73

Во западните делови променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во останатите делови сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -6 до 1 степен, а дневната ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -4 и дневна до 5 степени.

Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.