Сончево со повремено засилен северозападен ветер

59

Сончево време со мала облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието ќе преовладува денеска во Македонија.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно стабилно и топло време. За викендов ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во вторник и в среда ќе има делумно зголемување на облачноста и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.