Сончево со мала до умерена облачност

180

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен.

УВ индексот ќе изнесува 9.

До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и се потопло време. Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер. За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи и ќе дува повремено засилен северен ветер.