Сончево со мала до умерена облачност

62

Времеето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На места ќе има услови за краткотрајна појава на дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната температура ќе се движи од 18 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 23 степени.

Од четврток следува период на топло време со значителен пораст на температурата. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.