Сончево со мала до умерена локална облачност

230

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено на западот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 34 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.