Сончево и топло

155

Претежно сончево и топло, само во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 35 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 33 степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Во вторник попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните делови. Во среда и четврток ќе биде малку посвежо со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа се очекува претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури.