Сончево и топло со температури до 29 степени

49

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Само некаде по котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 и 14, а максималната од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 10 до 28 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.