Сончево и топло со температура до 30 степени

95

Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Ветерот повторно ќе се засилува долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а дненвите од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време со умерен северозападен ветер и температура од 15 до 29 степени.

Во следните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на благ пораст.